Мареј ги израдува своите навивачи: Продолжувам со тениската кариера, немам болки!

Иако на почетокот на годинава беше најавено дека заминува во пензија поради големите и неподносливи болки во колкот, Енди Мареј сепак ќе ја продолжи тениската кариера на радост на неговите навивачи, но и на сите љубители на „белиот спорт“.

Шкотот беше дел од големата четворка заедно со Роже Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ, но во последните две години имаше сериозни проблеми со повредата, поради која најави пензија. После операцијата во која му беше вграден метален колк, па Мареј посочи дека болките исчезнаа, а тој може да ја продолжи кариерата.

„Напредувам полека, се чувствувам добро, болките престанаа и ќе продолжам да играм. Тренирам нормално, од ден на ден напредувам. Најпрво ќе се фокусирам на играта во двојки, а до крајот на годинава очекувам да се вратам и на мечевите во сингл“, вели Мареј.

Прв настап на турнирите е тој во Квинс со Фелисијано Лопез како партнер. Инаку, проблемите на Мареј почнаа во 2017 година, а во летото 2018 се врати на терените и веднаш се откажа. Во јануари годинава тргна да игра на Австралија опен, но со солзи после првото коло призна дека има неподносливиболки и дека мора да ја заврши кариерата.

Мареј е единствен тенисер кој бил прв на АТП во ерата на Федерер, Ѓоковиќ и Надал, а има три гренслем трофеи.