Лудница во Париз: Навивачите пееја - Еден е Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја покажа неговата класа во финалето на Ролан Гарос откако со спектакуларен пресврт го совлада Стефанос Циципас за 19. гренслем-титула во кариерата.

Ѓоковиќ ги израдува српските навивачи во Париз, кои беа пресреќни затоа што нивниот омилен тенисер уште еднаш ја докажа неговата доминација во светот на тенисот, па му пееја песни на улица.

„Еден е Ѓоковиќ Новак“, му пееја навивачите, по што почна скандирање „Србија, Србија“.