Ланската финалистка на Вимблдон елиминирана во 2.коло

Каролина Плишкова испадна од Вимблдон по поразот во три сета од домашната натпреварувачка Кејти Бултер. 

Шестата фаворитка го освои првиот сет со 3-6, но потоа Британката направи пресврт за 6-7 и 4-6 за една од најголемите победи во нејзината кариерата. Плишкова лани играше во финалето, но сега ги спакува куферите по само вториот меч во Лондон. 

Бултер за прв пат во својата кариера ќе игра во 3.коло на еден грен слем турнир, а по мечот беше емотивна. 

„Мојата баба почина пред неколку денови и сакам оваа победа да ѝ ја посветам неа“, рече Британката низ солзи. 

Османата носителка Џесика Пегула во три сета ја победи Хериет Дарт со 4-6, 6-3 и 6-1. Паола Бадоса, како четврта носителка со 6-3 и 6-2  ја совлада Ирина Бара, а Петра Квитова беше подобра од Ана Богдан со 6-1 и 7-6.