Крејчикова избори финале против Пављученкова на Ролан Гарос

Чешката тенисерка Барбора Крејчикова е втора финалистка на Ролан Гарос откако по маратонска борба ја совлада Марија Сакари од Грција со 2-1 по сетови, односно 7-5, 4-6 и 9-7.

Во текот на натпреварот се водеше голема борба меѓу двете тенисерки, но подобра од мечот излезе Крејчикова од Чешка, која избори финале против Анастасија Пављученкова.

Пављученкова беше одлична во полуфиналето против неверојатната Тамара Зиданшек, која ја совлада со 2-0, односно 7-5 и 6-3.