„Кога публиката викаше 'Роџер, Роџер', јас слушав 'Ноле, Ноле'!“

Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски рекет во моментов го одбрани трофејот на Вимблдов вчера, освојувајќи го петтиот пехар на неофицијалното тениско првенство после епскиот меч со Роџер Федерер, па после освојувањето на трофејот објасни како ментално силен ги пребродувал кризите и клучните моменти за да стигне до победата.

Ѓоковиќ триумфираше со 7-6, 1-6, 7-6, 4-6, 13-12, освојувајќи ги трите сета во тајбрејк, кога и најмногу покажа ментална цврстина. Ѓоковиќ после освојувањето на трофејот, на новинарите им објасни како успева да се справи со менталниот притисок и како ја пронаоѓа мотивацијата кога и публиката е на страна на противникот, како во случајот со Федерер во вчерашното финале

„Пред мечот реков дека ќе се исклучам од сѐ што се случува околу мене, дека ќе бидам присутен само во играта. Еден од факторите кои ми помогнаа да се вратам беше токму таа ментална стабилност во клучните моменти. Храброст е да излезеш на терен, да затвориш очи и да удираш најсилно што можеш. Ама за да бидеш константа во пет часа, за да добиеш меч како овој, треба да се мотивираш, да си повотруваш дека си подобар од противникот. Тој емотивен момент е потежок, кога мора да се мотивираш и постојано сам со себе да разговараш. Кога ја имаш публиката на своја страна е полесно, ти дава мотивација, ти дава снага. Кога ја немаш, мора да ја најдеш мотивацијата во себе. Некогаш се обидуваш да ја игнорираш, што е многу тешко, а јас на пример вака го прифаќам. Сите викаат 'Роџер, Роџер', а јас слушам 'Ноле, Ноле'. Делува смешно, ама навистина е така. Јас самиот си се убедувам дека е тоа!“, објаснува Ѓоковиќ.

Потенцира дека подготовката на психички план е нешто најтешко и дека овој меч бил најтежок воопшто на тој план, споредувајќи го со исцрпувачкиот шестчасовен дуел со Рафа Надал на Австралија опен.

„На крајот беше такво олеснување, мислам за вакви мечеви се подготвуваш, живееш, ти даваат смисла и вреднос за секоја помината минута на теренот. Една работа која си ја ветив кога денеска излегов на теренот беше дека морам да останам мирен и присебен зашто знаев каква ќе биде атмосферата, каква што и беше. Подготовката, особено менталната беше нешто најтешко воопшто. Јас на Австралија опен имав исцрпувачки тежок меч со Надал, кој траеше шест часа, ама психички ваков како со Роџер не сум имал никогаш. Во клучните моменти се обидував да не ја изгубам вербата во себе и морам да кажам дека тие три тајбрејка го покажаа најсилното од мене. Јас секогаш можам да се замислам себе како победник. Мислам дека постои моќ во тоа. Зашто покрај сила и волја, не само физичка, ви трба ментална и емотивна сила. Тоа е една константна борба“, додава српскиот тенисер..