Кирјос испрати остра порака по допинг-аферата: Тенисот е готов!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос не остана мирен по новата допинг-афера каде што главна улога беше Ига Швјонтек.

Швјонтек имала позитивен допинг-тест за време на турнирот во Синсинати, но и покрај тоа ќе добие само едномесечна суспензија, и тоа во месец кога речиси никој не игра тенис.

„Изговор кој сите може да го користиме е дека - не сме знаеле. Професионалци на највисоко ниво велат дека не биле свесни. Тенисот е готов“, кажа Кирјос.

Кирјос смета дека сите прекршувања треба да бидат најстрого казнети.