Калин Ивановски не успеа да обезбеди финале во Поатје

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да стигне до финале на АТП-турнирот во француски Поатје, откако загуби во два сета од домашниот тенисер Саша Гемард Вајенбург.

Французинот славеше со 6-2, 7-6 после долг тајбрејк кој го доби со 10-8 за да победи во мечот и да го спречи Ивановски да дојде до финале на овој турнир на тврда подлога.

Ивановски пред овој турнир затана до четвртфинале во Кретил (Франција), а играше финале во Монастир (Тунис), кое го предаде, а на истиот турнир во Тунис имаше уште загубено едно полуфинале и финале.