Ју-Ес Опен не го следи потегот на Вимблдон: Русите може да играат во Њујорк

Тенискиот сојуз на САД и организатор на последниот гренслем-турнир во сезоната, Ју-Ес Опен, решија да им дозволат на руските и белоруските тенисери настап.

Американците нема да го следат потегот на организаторите на Вимблдон, кои им забранија на Русите и Белорусите да настапат на турнирот.

„Тенискиот сојуз на САД ќе им дозволи на сите тенисери, кои ги исполнуваат условите, без оглед на националноста, да се натпреваруваат на Ју-Ес Опен 2022“, соопштија од САД.

Руските и белоруските тенисери ќе можат да настапат на турнирот кој ќе почне на 29 август.