„Јас едвај играм полупијан, а од клупата Ѓоковиќ ми нуди 100 евра да направам – брејк!“

Српската репрезентација изминатава деценија оствари одлични резултати во Дејвис купот, во кој триумфира во 2010 и 2020 година (во модернизираната верзиј), а играше во финалето во 2013 година, што е резултат на одличниот квалитет на тенисерите, но и на одличната атмсфера во националниот тим.

Тоа го потврдува и еден од творците на овие успеси, Виктор Троицки, кој гостувајќи во тениски подкаст јавно објави досега непознати анегдоти. Меѓу нив е и таа што на теренот излегол полупијан на гостинскиот меч против Шведска.

„Ова е легендарно. Со Јанко Типсаревиќ во петокот одигравме во сингл и лесно победивме бидејќи Швеѓаните настапуваа со слаб тим. Во саботата Новак Ѓоковиќ и Зимоњиќ играа во двојки, бидејќи Ноле не сакаше да игра во поединечна конкуренција, а овој дуел му требаше како услов за настап на Олимписки игри. Тие загубија, па остана конечниот победник да се реши во неделата кога Јанко играше прв за да ни донесе вкупен триумф“, ја почна приказната Троицки.

По куса пауза со цел да го спечи обидат да „падне од смеење“, Виктор продолжува.

„Знаејќи дека тој ќе победи, ние останатите вечерта излеговме во град и се вративме кога веќе се разденуваше. Добро беше што играв втор, за да имам време да одморам повеќе бидејќи претерав со пиењето. Но, Типсаревиќ брзо победи, а Зимоњиќ и Ѓоковиќ не сакаа да го играат последниот рекреативен дуел, па морав јас да излезам на теренот иако бев полупијан. Против себе има одличен играч во двојки, Линдстед, со фантастичен сервис, а јас не можев ниту да се движам. И, додека се мачев да се задржам на нозе, гледам од клупата Ноле ми мафта со банкнота од 100 евра и ми ја нуди ако му го земам сервисот на противникот. Едвај издржав некако и дочекав противникот да предаде“, дополни Троицки.

На српскиот тенисер ова не му било првпат да се појави во (полу)пијана состојба на средбите на Србија, кажувајќи дека слично било и на дуелот против Хрватска во Краљево, кога тогаш само седел на клупата.