Иванишевиќ емотивно: Ми го уништи животот, поради него не можев да спијам!

Легендарниот тенисер, Горан Иванишевиќ, кој сега работи како тренер на Новак Ѓоковиќ, во емотивно интервју проговори за најтешкиот противник со кого се соочувал за време на богатата играчка кариера.

Хрватот нема никаква дилема кој е неговиот најголем ривал, иако настапувал против огромен број фантастични тенисери.

„Тоа дефинитивно е Пит Сампрас. Тој ми го уништи животот, соништата, поради него не можев да спиев“, изјави Иванишевиќ.

Горан се потсети на најтешкиот пораз во дуелите со Американците.

„Во полуфиналето на Вимблдон во 1994 година во полуфиналето го прегазив Бекер со 6-2, 7-7, 6-4. Тоа беше можеби мојот најдобар меч во кариерата, играв неверојатно. Борис немаше никакви шанси против мене, а знаете како играше на трева. Кога се ракувавме на крајот ми порача дека играв сјајно и дека морам да го освојам турнирот. Но, во финалето се сретнав со човекот кој ми уништи 20 години од животот. Играв добро, ама Сампрас играше уште подобро, постојано беше два чекора пред мене. Првите два сета ги доби во тај-брејк, а во третиот ме прегази со 6-0. Против него играв и следната година во Лондон во полуфиналето, тогаш ме победи во пет сета. Двајцата игравме одлично, но Американецот ги доби сите клучни поени. За тоа беше мајстор“, изјави Иванишевиќ.

Хрватот четири пати играше во финалето на Вимблдон. Првиот пат во 1992 година кога загуби од Андре Агаси, а во 1994 и 1998 од Сампрас. Својот сон за триумф во Лондон го оствари во 2003 година кога го совлада Патрик Рафтер во финалната пресметка.