Историја: Синер постигна нешто што никогаш не му успеа на Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер има извонредна година зад себе и одличните настапи ги потврди со нова титула по триумфот против Новак Ѓоковиќ во финалето во Шангај.

Синер притоа успеа да постигне нешто што никогаш не му успеало на Ѓоковиќ, односно таков успех имаат само четворица тенисери.

Првиот тенисер на ранг-листата стана петтиот играч до 23 години кој освоил шест или повеќе АТП-титули на тврда подлога во една календарска година.

Такво нешто досега им успеа на Џими Конорс во 1973 година, Иван Лендл во 1981, Пит Сампрас во 1994 и Роџер Федерер во 2004 година.