Хрватски тренер го брани Ѓоковиќ: Идејата беше генијална, премногу ми е жал

Познатиот хрватски тениски тренер Никола Пилиќ застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ, откако најдобриот тенисер во светот го организираше „Адрија Тур“, но за жал се зарази со коронавирус, како уште неколку тенисери.

Пилиќ вели дека идејата на Ѓоковиќ била феноменална, но овој пат вирусот успеа да победи.

„Премногу ми е жал поради Ноле. Оваа идеја беше одлична, но на крај заврши катастрофално. Зборував со Ѓоковиќ во саботата пред да се случи ова. Беше горд и среќен. Беше сам во организација на големите турнири, многу пари се потрошија, а Ноле плати сè“, кажа Пилиќ.