Хрватски доктор не верува во повредата на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ утре ќе се бори за својата осма титула на Вимблдон, а се уште светската јавност се занимава со неговата повреда од „Ролан Гарос“.

Хрватскиот доктор Саша Јанковиќ, инаку доктор и на фудбалската репрезентација на Хрватска не верува во информациите што беа пласирани непосредно по Гренд слемот во Париз.

„Првенствено, се зависи од дијагнозата. Овде, наједноставно, мора да станува збор за многу полесна повреда. Информациите од медиумите велат дека се работи за повреда на менискусот, но мора таа да била од многу помал обем“, тврди Јанковиќ.

Пред него, сомнеж во повредата на Јанковиќ изразија и швајцарски медиуми кои се повикуваа на тамошни доктори и го обвинија Ѓоковиќ дека ја лаже јавноста и дека операција воопшто немало.