
Хрватска во полуфинале: Чориќ и Чилиќ ја елиминираа Шпанија од Дејвис Купот
Борна Чориќ беше подобар од Роберто Баутиста Агут со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 7-6, а тоа ѝ донесе водство на Хрватска од 1-0, по што конечната победа ја потврди искусниот Марин Чилиќ.
Чилиќ мораше да одигра маратон против Пабло Карено-Буста и да слави по пресврт со 2-1 во сетови, откако првиот го загуби со 5-7, по што успеа да се врати во игра (6-3), а големата драма беше решена со тај-брејк во третиот сет (7-5).