Халеп со многу мака ја совлада Кенин во Мелбурн

Најдобрата тенисерка во светот, Симона Халеп се измачи против Софија Кенин, но на крајот ја совлада со 2-1 во сетови (6-3, 6-7 и 6-4).

Халеп тргна добро, откако ја искористи третата брејк топка во првиот сет за водство од 1-0, а потоа беше сигурна на свој сервис до последниот гем од сетот, кога направи уште еден брејк за 6-3.

Во вториот сет Халеп повторно прва направи брејк за 2-0, но набрзо Кенин го врати загубениот гем и израмни на 3-3. До крајот се водеше голема борба, па во тај-брејкот подобра беше Американката со 7-5.

Во третиот сет Кенин направи изненадување, откако со брејк стигна до предност од 4-2, но веднаш потоа Халеп врати и израмни на 4-4, а со уште еден брејк до крајот стигна до конечни 6-4.

Халеп во следното коло ќе се натпреварува против Венус Вилијамс.