Халеп си закажа полуфинале на АО со Мугуруза

Симона Халеп и Габриње Мугуруза ќе игра во второто полуфинале во женска конкуренција на Австралија опен. 

Халеп ја прегази Естонката Анет Контавеит за само 43 минути препуштајќи и само два гема, по еден во двата сета. Интересно Контевеит го освои првиот гем на мечот, а потоа како да не постоеше на теренот. Шампионката од Вимблдон освои 11 гема по ред, а тогаш 28-та носителка успеа да освои уште еден гем на свој сервис.

Мугуруза која е двократна освојувачка на грен слем титули, во Мелбурн иако не беше меѓу фаворитиките, сепак успеа да стигне до најдобрите четири. Шпанката ја совлада Анастасија Пављученкова со 7-5 и 6-3 и се пласираше во своето прво грен слем полуфинале уште од Ролан Гарос во 2018 година. 

Второто полуфинале е помеѓу првата носителка Ешли Барти и Софија Кенин.