Гркот го „сруши“ големиот Федерер: Циципас е првиот финалист во Лондон

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се пласираше во финалето на Завршниот турнир во Лондон, откако го совлада Швајцарецот Роже Федерер со 6-3, 6-4.

Циципас одигра уште една одлична партија во Лондон, овој пат не му даде речиси никаква шанса на Федерер за пласман во финалето. Прекрасно тактичко снаоѓање, многу трчање, неколку „невозможни“ потези, а после 90 минути игра, Гркот дојде до сосема заслужена победа.

Во првиот сет му беше доволен само еден брејк, додека во вториот борбата се разгоре, Федерер успеа да го освои првиот сервис, но не и вториот, па Цинсиас триумфираше и стигна до финалето на Завршниот турнир во Лондон.

Противникот во финалето ќе на Гркот ќе му биде подобриот од дуелот помеѓу Тим и  Зверев, меч кој ќе се одигра во 21 часот.