Ѓорческа со убедлив триумф го стартуваше турнирот во Белград

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, со победа над Хрватката Маријана Дражиќ го стартуваше турнирот на Источно-европскиот шампионат кој се одржува во Белград.

Македонската доминантно ја победи Хрватката (819.место на ВТА листата), дозволувајќи и да освои само еден гем во двата сета (6-1, 6-0). Во следното коло Лина Ѓорческа треба да се соочи со Србинката Тијана Сретеновиќ.

Според системот на натпреварување, во прелиминарниот дел од турнирот, тенисрките во групната фаза ќе играат сите меѓу себе, а најдобрите две од секоја конкуренција во следната седмица ќе финален турнир.

Организатор на овој турнир е поранешниот рекет број осум, српскиот ас Јанко Типсаревиќ.