Ѓорческа со убедлив триумф го почна турнирот во Сплит

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа оствари триумф против Настасија Шунк во првото коло на турнирот во Сплит.

Ѓорческа беше убедлива во двата сета против Германката, и тоа во првиот славеше со 6-2, додека во вториот со 6-3.

Македонката во второто коло славеше против Вероника Ерјавец од Словенија.