Ѓоковиќ жестоко нападнат за дружење со генерал кој ја бомбардирал Сребреница (ФОТО)

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, денеска е жестоко нападнат од босанските медиуми, откако во јавноста се појавија фотографии како се дружи со озогласен српски генерал од граѓанската војна, кој учествувал во бомбардирањето на Сребреница.

Станува збор за Милан Јововиќ, кој бил десна рака на осудениот за геноцид, Ратко Младиќ, а со кого популарниот Ноле бил заедно на свадбата на босанскиот олимпиец Немања Мајдов.

„Ѓоковиќ деновиве се дружеше со некогашниот близок соработник на Младиќ, кој е осуден за геноцид и со Милорад Додик, кој го негира геноцидот. Ќе видиме колку спонзори ќе загуби тенисерот за една ваква дружба“, се вели во еден од коментарите.

Напади врз популарниот Ноле не дојдоа само од БиХ, туку и од Хрватска, каде што исто така имаше негативни написи за неговото дружење со луѓе кои важат за воени злосторници.