Ѓоковиќ: Во кариерата освоив се, можам утре да се пензионирам!

Првиот светски рекет, Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во своето седмо финале на грен слем турнирот Вимблдон, откако славеше над Шпанецот Роберто Баутиста Агут со 3-1 во сетови.

Ѓоковиќ на конференцијата за медиуми истакна дека и покрај сите достигнувања во кариерата и понатаму постојат рекорди кои сака да ги собори.

Гледате, мојата главна мотивација е да бидам на теренот и да играм тенис. Знам дека тоа е клише, но така е. Не го гледам тенисот како своја работа, во кариерата освоив многу турнири и можам уште утре да се откажам. Но, тоа не е причината поради која го играм. Јас уживам во оваа игра. Желба ми е да испишувам историја во овој спорт и да бидам „историски број 1“, истакна меѓу другото Ѓоковиќ.