„Ѓоковиќ, Синер и Алкараз ќе бидат уште подобри во 2024 година“

Рускиот тенисер Данил Медведев остана без финале на завршниот турнир во Торино, па даде прогноза за идната година во која смета дека главни ќе бидат Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и Карлос Алкараз.

Медведев се надева дека идната година ќе биде подобра и за него, но конкуренцијата е огромна.

„Верувам дека во следната сезона можам да освојам гренслем, но морам да напредувам. Сепак, Синер, Алкараз и Ѓоковиќ играат сè подобро и ќе бидат уште подобри во 2024 година“, кажа Медведев.