Ѓоковиќ му „пресуди“ на Раониќ и си закажа дуел со Федерер

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ запиша лесна победа против Милош Раониќ со 3-0 во сетови, односно 6-4, 6-3 и 7-6 , со што обезбеди пласман во полуфиналето на Австралијан опен, каде што ќе се пресмета против Роџер Федерер.

Мечот почна со сигурен сервис на двата тенсиери, по што Ѓоковиќ не искористи три брејк топки во четвртиот гем, но затоа направи брејк во 10. гем и стигна до 6-4 во првиот сет.

Ѓоковиќ играше одлично и во вториот сет, па со брејк во четвртиот гем успеа да поведе со 3-1 и предноста ја одржуваше до крајот на сетот, кој го освои со 6-3.

Во третиот сет следеше израмента игра од двајцата тенисери, но Србинот беше доминантен во тај-брејкот, кој го доби со убедливи 7-1.