Ѓоковиќ ќе игра егзибициски меч на 120 километри од Македонија
Бугарскиот тенисер го најави мечот против Ѓоковиќ, кој ќе служи за поддршка на Фондацијата „Григор Димитров“, а ќе се игра на „Арена Софија“ чиј капацитет е 15.000 гледачи.
„Подгответе се за спектакл. Придружете ни се во незаборавна вечер на врвниот тенис со цел да се поддржи Фондацијата. Ајде да направиме да биде ноќ за паметење“, објави Димитров.
Ѓоковиќ и Димитров досега одиграа 13 меча, а во моментов води Србинот со 12-1.