„Ѓоковиќ ќе го стигне Федерер по бројот на грен слем трофеи уште оваа сезона“

Таткото на најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, Срѓан, во интервју за српски „Телеграф“ го коментираше финалето на Австралија опен, во кое првиот реќет на АТП листата во драматичен меч од пет сета го совлада австрискиот тенисер Доминик Тим, за рекордна осма титула во Мелбурн.

Срѓан Ѓоковиќ е убеден дека на крајот на годината неговиот син ќе победи на сите големи натпреварувања оваа сезона и ќе се изедначи бројот на титули на грен слемови со Швајцарецот Роже Федерер.

Шест години помладиот од Федерер, Ѓоковиќ, е на само три титули од рекордните 20 на Швајцарецот. Уште еден голем рекорд на Швајцарецот, кој ќе наполни 39 години во август, ќе биде загрозен од Ѓоковиќ, ако Србинот остане на врвот на АТП листата. Ѓоковиќ не е далеку од подобрување на рекордот на Федерер од 310 недели на првото место.

Седумкратниот шампион на Австралија опен игра на Централниот терен, каде нема загубен натпревар, против некој Австриец во финалето и навивачите го поддржуваат Австриецот – замислете каков е недостигот на почит кон Новак. Тенисот е спорт за богатите луѓе и не можат да прифатат дека некој од сиромашната и мала Србија е најдобриот тенисер во последните 10 години. Оваа година Новак ќе се израмни со Федерер затоа што ќе победи и на другите три грен слем турнири. Ќе го надмине Федерер околу 6-7 октомври за тоа колку недели е број 1, а ќе победи и на Олимпијадата во Токио, истакна Срѓан Ѓоковиќ.