Ѓоковиќ го почнува настапот на Австралија Опен против Американец

Најдобриот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ го дозна името на противникот на Австралијан Опен, кој почнува во понеделник во Мелбурн.

Србинот во првото коло ќе игра против 24-годишниот Мичел Кругер од САД, кој во последното коло од квалификациите го совлада Аргентинецот, Марк Трунџелити со 6-3, 5-7 и 6-4 за два часа и 13 минути.

Кругер е 231 тенисер на АТП-листата и дури вторпат се пласираше во главната ждрепка на некој четирите најголеми турнири. Американецот никогаш не бил во топ 150, па така на Ѓоковиќ натпреварот треба да му послужи како загревање.