Ѓоковиќ го дозна патот до златниот медал на ЛОИ во Токио

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ реши да настапи на Летните Олимписките игри (ЛОИ) во Токио, каде што ќе се обиде да го освои златниот медал, а сега го дозна и првиот противник на турнирот.

Ѓоковиќ ќе го отвори турнирот против Уго Делиен од Боливија, а потоа во второто коло би можел да игра против подобриот од дуелот меѓу Штраф и Монтеиро.

Потенцијални противници во четвртфинале и полуфинале се Андреј Рубљев од Русија и Германецот Александар Зверев, додека на спротивната страна на ждрепката се Данил Медведев и Гркот Стефанос Циципас, а со нив Ѓоковиќ може да се сретне дури во финалето.

Турнирот во тенис на ЛОИ почнува на 24 јули и ќе трае до 1 август.