
„Ѓоковиќ е канибал жеден за одмазда"
По финалето од завршниот Мастерс во Торино, Газета дури го искара младиот тенисер затоа што не загуби од Холгер Руне во третото коло од групната фаза, но и на чуден начин го опиша Новак Ѓоковиќ.
„Да беше Јаник Синер некој сака лесни работи, ќе ги искористеше болките во грбот во мечот со Руне за да испече крцкав и вкусен бисквит, способен да го елиминира Новак Ѓоковиќ од турнирот. Место тоа, шампионите сакаат да победуваат во секој меч. Синер се бореше со Данецот, го победи и го врати во игра канибалот жеден за одмазда. Синер излегува на терен за последниот меч од завршниот Мастерс и се обидува да даде максимум против српскиот Супермен, освојувач на 24 Гренд слем трофеи, најдобар играч на светот веќе 400 недели и губи со 3-6, 3-6“, пишува во воведот од коментарот на Газета.
Новак Ѓоковиќ денеска по седми пат триумфираше на завршните Мастерс турнири и уште еднаш покажа дека му нема рамен во светот на тенисот.