Ѓоковиќ џентлменски им честиташе на победниците на Ју-Ес опен (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ синоќа не успеа да го освои Ју-Ес опен и да го комплетира календарскиот грен слем. Србинот и светски рекет број 1 загуби во големото финале од Данил Медведев со 6-4, 6-4 и 6-4. 

Иако му беше тешко што не испиша историја во машкиот тенис, Ѓоковиќ сепак преку социјалните мрежи им честиташе на двајцата победници, Ема Радукану во женска конкуренција и неговиот ривал Данил Медведев.

„Им честитам на двајцата шампиони. Неверојатна бајка на женскиот дел од турнирот со две тинејџерки кои се бореа за трофејот. Ема ти си фантастична. Данил, ти комплетно ја заслужи својата прва грен слем титула. Одлично направено! Ти аплаудирам“, напиша Ѓоковиќ.