Ги извади од памет: Силна експлозија на момент ги прекина мечевите на „Ролан Гарос“ (ВИДЕО)

Силна детонација денеска ги вознемири жителите на Париз, а звукот беше толку силен што се слушна дури и во места кои се 20-тина километри оддалечени од француската престолнина.

Инцидентот ги возбуди граѓаните, за што сведочат преку 2.000 повици кон пожарникарската служба и тројно повеќе кон полицијата, меѓу тие што се „извадија од памет“ беа и тенисерите кои играат на гренслем-турнирот „Ролан Гарос“. Наинтересна реакција можеше да се види на мечот помеѓу Швајцарецот Стен Вавринка и Германецот Доминик Кепфер, кој требаше да сервира во тој момент, а кој видливо се исплаши од звукот, што беше фатено на камерите.

Во меѓувреме, француската полиција ја извести јавноста дека не станувало збор за никаква експлозија, туку воен авион го пробил звучниот ѕид токму над Париз. Тоа, воедно, не била никаква вежба, туку реакција на губењето контакт со приватен авион кој тргнал од Мароко и се упатил кон Белгија, под претпоставка дека е киднапиран. Шест минути подоцна, кога воениот авион му пришол на приватниот авион, контролата на летање стапила во контакт со него, по што пробивачот на звучниот ѕид се вратил во својата база.