Фриц со триумф над Медведев го почна завршниот турнир

Американскиот тенисер Тејлор Фриц беше подобар од Русинот Данил Медведев со 6-4 и 6-3 на стартот на завршниот турнир во Торино.

Првиот сет помина без премногу возбудувања, односно двајцата тенисери беа сигурни на свој сервис сè до 10. гем кога Фриц ја искористи првата брејк-шанса на мечот и стигна до 6-4 во сетот.

Во вториот имаше поголеми возбудувања, а Медведев пропушти две брејк-топки, по што казната стигна во шестиот гем кога Фриц повторно го освои сервисот на Русинот и потоа без проблеми стигна до 6-3.

Во групата на Фриц и Медведев се уште и Јаник Синер и Алекс Де Минор.