Федерер загуби од 21-годишно момче во осминафиналето во Хале

Роџер Федерер денеска доживеа вистински шок во осминафиналето во Хале, откако загуби од Феликс Оже-Алиасим со 1-2 во сетови, односно 6-4, 3-6 и 2-6.

Швајцарецот беше фаворит за титулата во Хале и тргна со освојување на првиот сет со 6-4 за водство од 1-0 во сетови, но во следните два сета младиот тенисер од Канада го надигра Федерер.

Алиасим го нападна Федерер со сите оружја, а неговиот отпор во вториот сет го скрши во шестиот гем (4-2), по што без проблеми го освои сетот со 6-3.

Федерер немаше многу сила да се врати во игра, па речиси двојно помладиот ривал направи два брејка во последниот сет и стигна до 6-2.