Федерер: Уживав во дуелот со Рафа, ќе биде тешко против најдобриот

Швајцарецот Роже Федерер славеше во пресметката против големиот ривал Рафаел Надал со 3:1 во сетови и си обезбеди пласман во финалето каде ќе се обиде да дојде до деветтата  титула на грен слем турнирот Вимблдон.

Тој на прес - конференцијата ги покажа своите импресии по победата над Шпанецот.

Ми беше се потешко како одминуваше дуелот. Рафа имаше неколку фантастични поени со кои остануваше во мечот. Сепак, најтешките и најдобрите поени ми припаднаа на мене. Првиот сет беше долг, стигнав до водство и пробав да го задржам. Во вториот сет, Рафа беше фантастичен. Уживав на теренот со него. Ова беше дуел на многу високо ниво, изјави Федерер.

Негов следен предизвик е првиот тенисер на АТП ранг листата и бранител на трофејот, Новак Ѓоковиќ кој исто така со 3:1 славеше во полуфиналето против уште еден Шпанец, Роберто Баутиста Агут.

Новак одигра одлично полуфинале. Тој е бранител на трофејот и покажа зашто е најдобар. Се надевам дека ќе можам да му се спротивставам на вистински начин и да го победам, но тоа ќе биде навистина тешко. Се радувам на финалето и пресметката со Новак, додаде Федерер.