Федерер му „удри“ шлаканица на новинарот: Промени ја работата, размисли за тоа!

Швајцарецот Роже Федерер вчера се пласираше во четвртфиналето на грен слем турнирот Вимблдон, откако за само 75 минути го декласираше Италијанецот Матео Беретини со 6:1, 6:2, 6:2.

За време на прес конференцијата, Федерер влезе во „расправија“ со еден италијански новинар, кој евидентно сакаше да го налути Швајцарецот.

Роже, го следев Беретини на турнирот во Хале, каде што играше во полуфинале.... започна Италијанецот, но популарниот Федекс веднаш го прекина:

Не ве видов во Хале. Малку се шверцувавте, зар не? Гледавте тенис на телевизија во спална соба, онака, опуштено, се насмеа Швајцарецот.

„Точно, признавам“ возврати Италијанецот па продолжи:

Сеедно, го гледав мечот и утрото пред натпреварот напишав дека се сомневам во тоа дека Беретини може да го совлада Федерер, но исто така и дека не може да загуби со 6:1, 6:2, 6:2, што на крајот испадна дека точно прогнозирав, додаде новинарот и ја насмеа цела сала.

Значи, ти треба да ја промениш работата? Размисли на тоа, се пошегува швајцарскиот тенисер.