Ешли Барти прва се квалификуваше за финалниот мастерс турнир

Актуелниот светски рекет број 1 во женска конкуренција, Ешли Барти е првата тенисерка што успеа да се пласира на завршниот мастерс турнир сезонава во Женшен, Кина, потврдија од Женската тениска асоцијација (ВТА).

Австралијката, која има 23 години ќе дебитира на завршниот мастерс турнир, што ќе се одржи од 27 октомври до 3 ноември. Наградниот фонд на турнирот изнесува фантастични 14 милиони долари, а на него настапуваат најдобрите осум тенисерки на ВТА ранг-листата.

Барти сезонава го освои Ролан Гарос, а во Шенжен, ќе ја бара втората голема титула сезонава. Таа воедно стана и првата тенисерка од Австралија, што ќе настапи на завршниот мастерс по Саманта Стосур во 2012 година.

„Уште од стартот на годината мојата цел беше да се пласирам на завршниот мастерс турнир. Горда сум на работата што јас и мојот тим ја одработивме за да стигнеме до тука и навистина ми е чест да бидам помеѓу најдобрите осум играчи во сезоната“, рече Барти.