Емотивно: Бадоса го предаде мечот, па се расплака на рамото на Сабаленка (ВИДЕО)

Арина Сабаленка се пласира во четвртфинале на турнирот во Штутгарт откако Паула Бадоса мораше да го предаде мечот при резултат 7-6, 4-6 и 3-3.

Повредата беше посилна од желбата на шпанската тенисерка да го продолжи мечот, а по прекинот Бадоса се расплака на рамото на Сабаленка.

„За малку и јас ќе се расплачев. Жал ми е за неа. Немам емоции во моментов, не сум ниту среќна, ниту тажна. Сакам да им се заблагодарам само на луѓето кои го гледаа мечот до крај“, кажа Сабаленка.