Една од фаворитките за триумф на „Ролан гарос“ загуби од тотална – аутсајдерка!
Словачката триумфира со преубедливи 6-2, 6-2 и вторпат во кариерата дојде до третата рунда, по 2014 година кога првпат и успеа нешто такво. Таа дури лошо падна во вториот сет, по што мораше да интервенира нејзиниот тренер, но собра сили и продолжи во ист ритам, кој беше недостижен за Белорусинката.
Претходно, третата носителка Елина Свитолина, потешко од очекувањата, ја совлада квалификантката од Мексико, Рената Заразуа со 6-3, 0-6, 6-2. Таа досега има 15 титули во ВТА-серијата, но нема ниту еден пласман во финалето на гренслем-турнир.
Кај мажите пак, од денешната програма победа со 3-1 извојува Стан Вавринка, над Германецот Кофер, а пораз од 1-3 запиша искусниот Иснер од сонародникот Корда.