Џумхур е хит на интернет: Тргна да врати едно топче, но се лизна под мрежа! (ВИДЕО)

Тенисерот од Босна и Херцеговина, Дамир Џумхур стана хит на социјалните мрежи по мечот со Григор Димитров.

Тој во текот на дуелот во Квинс тргна да врати една скратена топка на Бугаринот, но не успеа да запре пред мрежата.

Топчето го префрли преку мрежа, а тој помина под мрежата на другата страна на теренот.