
Циркус во Мадрид: Тенисер влезе во конфликт со судијката поради – шоља кафе (ВИДЕО)
Тој побара да му биде овозможено да се напие кафе, но кога беше одбиен почна да се нервира и расправа.
„Имаме какви сакаш пијалоци, банани, кока-кола, а ти ми велиш дека е невозможно да се напијам кафе“, беше коментарот на тенисерот на забелешката на судијката дека нема можност да му се исполни желбата.
Французинот продолжи да негодува, па дури и самиот најде објаснување во фактот што неговиот дуел се играше на еден од „неважните“ терени, каде што нема луксуз како на главните.
„Не е важно каде се игра, не можеме да обезбедиме кафе“, повторуваше судијката.
Желбата на Муту на крајот беше исполнета од еден од навивачите, кој му донесе кафе, но и тоа не му помогна да се пласира во следната рунда. Тој загуби во дуелот против Кинезот Јунченг Шанг (7-6, 2-6, 6-7).