Циципас по драмата во Мелбурн: Детето беше далеку, го промашив! (ВИДЕО)

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас обезбеди полуфинале на Австралијан опен, откако беше подобар од Јиржи Лехечка со 3-0 во сетови, односно 6-3, 7-6 и 6-4.

Циципас за малку можеше да биде дисквалификуван откако ќе погодеше едно од децата кои ги собираат топчињата, а на прес-конференцијата кажа дека не е горд на неговиот потег.

„Го видов детето. Јас сум професионалец. Удрив во ѕидот и тоа не беше убаво тоа од мене. Не сум среќен поради потегот, иако бев нервозен. За среќа детето беше далеку и го промашив“, кажа Циципас.