Чилиќ го доби историското финале со Ѓоковиќ!

Марин Чилиќ го освои турнирот во Квинс, откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ во три сета (5:7,7:6 (4), 6:3).

Ова финале влезе во историјата на Квинс опен, бидејќи овој дуел беше најдолг во историјата на постоењето на овој турнир. Финалето помеѓу Чилиќ и Ѓоковиќ траеше околу три часа!

Ѓоковиќ го играше своето прво финале по пауза од 11 месеци, се наоѓаше на чекор до трофејот, но потфрли во клучните моменти и му овозможи на противникот целосен пресврт. Србинот беше на чекор до трофејот откако во вториот сет не искористи една меч-топка, а потоа во тајбрејкот поведе со 4-1, но потоа дојде до голем пад во неговата игра, Чилиќ влезе во ритам и славеше со 4-7.

Во третиот решавачки сет, Чилиќ направи брејк за 5-3, потоа, на свој сервис дојде до предност од 40-0 и ја искористи првата меч-топка.