Бивш директор на Австралијан опен му се извини на Ѓоковиќ поради притисокот за вакцинација!

Уште не се намалува бурата за одржување на Австралијан опен, иако до почетокот на гренслем-турнирот останува помалку од два месеци. Секако, главна тема е за тоа дали тенисерите да бидат вакцинирани или не, а во главна улога е најдобриот во свет Новак Ѓоковиќ, кој не открива дали се вакцинирал.

Премиерот на сојузната држава Викторија не се откажува од ставот сите да примат две дози од вакцината против ковид-19 ако сакаат да се натпреваруваат на првиот гренслем-турнир во сезоната, а еден од медиумите во Австралија објави текст во кој јавно се критикува можноста невакцинирани тенисери да дојдат на турнирот.

Во текстот го напаѓаат Ѓоковиќ, кој не сака да открие дали е вакциниран, а притисокот кој го трпи Србинот сѐ повеќе расте и поради тоа поранешниот директор на турнирот, Пол Мекнами реши да му се извини на најдобриот тенисер во светот.

„Се извинувам во име на мојата држава“, изјави Мекнами.