Билетите за последниот меч на Надал „скокнаа“ од 40 на дури - 40.000 евра!
Шпанецот последните дуели ќе ги одигра во ноември на завршниот Дејвис куп турнир во Малага, каде што „црвената фурија“ на стартот ќе се сретне со Холандија, а доколку загуби, тоа и официјално ќе биде крај на кариерата на популарниот Рафа. Билетите беа распродадени уште пред објавата за пензија, но бидејќи повеќе нема да го гледаме на тениските турнири, ова значително ја покачи цената на билетите на „црно“. На сајтовите за препродажба на билети цените се движат од 1.500 до 40.000 евра!
Билетите во редовна продажба можеа да се купат за само 40 евра, а најскапите за ВИП секторот достигнуваа до 525 евра. Завршниот Дејвис куп турнир се игра од 19 до 24 ноември во Малага, во салата „Мартин Карпен“, која може да прими 10.600 гледачи.