Билетите за финалето меѓу Ѓоковиќ и Алкараз ќе бидат најскапи во историјата

Финалето на Вимблдон и оваа година ќе се игра меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз, а интересно е тоа што билетите за мечот достигнаа рекордна цена.

Доколку сакате да бидете на трибините за време на спектаклот ќе треба да платите најмалку 10.969 долари, а колку е подобра локацијата на местото за седење толку повеќе се зголемува цената, па дел од билетите достигнуваат и цени од 16.363 долари.