Беше најголема тениска сензација, а сега остана без луксузното Порше и се вози со автобус

Поранешната освојувачка на Ју-Ес Опен Ема Радукану (21) е фотографирана како влегува во лондонски градски автобус, неколку дена откако и беше одземено подареното Порше.

Радукану стана тениска сензација кога во 2021 година како тинејџерка го освои Ју-Ес Опен, но нејзината кариера не се развиваше онака како што се очекуваше и таа грен-слем титула и остана единствена во кариерата.

Со лошата форма дојде и падот на ВТА листата, па така од 10. стигна до 58. позиција. Пред неколку дена се најде во центарорт на вниманието откако производителите на луксузното германско возило Порше и го одземаа.

Германската компанијата на шампионката на Ју-Ес Опен од 2021 година го одзема моделот „911 Карера ГТС Кабриолет“ кој и беше подарен кога таа стана амбасадор на производителот на автомобили.

Британските новинари пренесуваат дека продолжувањето на соработката било невозможно затоа што Радукану подолго време нема никакви успеси и по освојувањето на единствената грен-слем титула во кариера не играше ниту едно финале.