Австралиска адвокатка тврди: Мали се шансите овојпат Ѓоковиќ да победи!

После два часа пред судијата Кели, случајот со Новак Ѓоковиќ откако министерот за имиграција Алекс Хоук повторно му ја поништи визата се префрла на федералниот суд вечерва од 22 часот по македонско време, најдобриот тенисер моментно ќе биде сослушан, но австралиска адвокатка тврди дека овојпат шансите за Србинот да победи се – мали.

Сангита Пилај, австралиска адвокатка објаснила дека во овој повторен случај со жалбата на нова одлука за поништување на визата и депортација е сосема поинаков од првиот кога Ѓоковиќ успеа да победи на суд и да добие поништување на укинувањето на визата и депортацијата.

„Со одлуката на министерот е намален просторот за маневар и тврдење дека одлуката е неправедна. Односно погрешно е мислењето дека адут на Новак е тоа што министерот ја укинува визата поради јавен интерес. Австралискиот суд во најголем број на случаеви се базира на пресуда на министерот кога одлучува дали нешто е или не е во јавен интерес. Министерот за имиграција и министерот за внатрешни работи имаат голема моќ и секогаш постои навика дека таа моќ може да ја искористат како меч за одредена работа“, вели адвокатката.

Според неа, самиот факт што Хоук донел одлука по 133Ц(3) значи дека не мора да даде објаснување за својата намера да ја поништи визата на Ѓоковиќ и со тоа се намалува шансата да направи кобна процедурална грешка, каква што направила граничната полиција. Второто е, правилото „природна правда“ во англосаксонското право (правило против пристрасност и правично сослушување) не се однесува на одлуки кои се носат според 133Ц(3), што значи дека Ѓоковиќ може да ја оспори одлуката, но тоа може да го стори по најмали основи.

Пилај тврди дека откажувањето на визата по членот 133Ц(3) исто така значи дека Ѓоковиќ не може да бара преиспитување на законските права пред Уставниот жалбен суд, а одењето на суд е единствена опција ако сака да ја оспори одлуката на министерот, но дискрециското право на Хоук во многу случаи се покажало како посилно и судот обично ги потврдува тие одлуки.