Австралија опен догодина ќе се игра без гледачи?!

Пандемијата со коронавирус прекина буквално сè на спортски план, како и комплетниот нормален живот низ светот, ама една лоша најава доаѓа од Австралија и тоа од организаторот на првиот годинешен гренслем тениски турнир. Во Мелбурн се подготвуваат и за сценарио догодина да се игра турнирот без гледачи.

Откако пандемијата од Ковид-19 сема замав низ светот, после појавата во Кина пред крајот на минатата година, АТП и ВТА пред еден месец ги суспендираа сите активности, а веќе се одложени Роланд Гарос и Вимблдон и веќе е извесно дека тенис нема да се игра најмалку до средина на јули, но сооглед на ситуацијата и во САД, која е земја со најголем број на заболени, нема да биде изненадување ако и УС-опен се одложи.

Засега никој со сигурност не може да каже кога полека сè ќе се нормализира, а со тоа ќе може и тенисерите да се вратат на терените, но веќе се појавуваат црни сценарија дека „белиот спорт“ нема да се игра до крај на 2020 година. Токму поради ова во Мелбурн веќе се подготвени за турнирот следната година да го организираат и без публика.

„Има толку многу неизвесности што ќе се случи следниот месец, а да не зборуваме за осум месеци. Самата вонредна ситуација наложува да имаме многу сценарија. Мора да солгледаме многу аспекти, да видиме какви мерки ќе останат на сила, како на пример дали тенисерите ќе треба да дојдат порано, па да поминуваат период на изолација... Мора да видиме дали воопшто ќе се тргне забраната за масовни собири, а тоа би значело дека има можност да се игра турнирот и без гледачи. Ама тоа што мора, е ние веќе од сега да ја согледаме ситуацијата и да бидеме подготвени за секакво сценарио, иако е далеку новиот турнир во 2021“, вели Крејг Тили, директорот на Австралија опен