Аутсајдерите испишаа историја на Индијан Велс

Мастерсот во Индијан Велс ни донесе многу возбудувања и изненадувања затоа што тенисерите кои беа аутсајдер дојдоа во позиција да се борат за трофејот на турнирот.

Прво Николоз Басилашвили се пласираше во полуфинале откако го победи Стефанос Циципас, а потоа и Тејлор Фриц го шокираше Александер Зверев. Додека во вториот полуфинале пар се Камерон Нори и Григор Димитров.

Па така за првпат во историјата на Мастерс турнирите, од 1990 година, сите четири полуфиналисти имаат пласман понизок од 25. позиција на АТП-листата.