Американката Наваро прва полуфиналистка на Ју-Ес Опен

Aмериканката Ема Наваро е првата полуфиналистка на овогодинешниот Ју-Ес Опен. Наваро место помеѓу најдобрите четири на турнирот го обезбеди со победата од 2-0 во сетови против Пол Бадоса (6-2, 7-5).

Во првиот сет Наваро доминираше и лесно го доби со 6-2, но во вториот ситуацијата беше поинаква.

Бадоса стигна до водство од 5-1, но во тој момент дојде до пад во нејзината игра и Наваро успеа да освои шест гема во низа за пресврт и победа.

Противничка на Наваро во полуфиналето ќе биде подобрата од мечот помеѓу Сабаленка и Женг Чивен.