Aматер го победи Синер на бизарен турнир и дома си замина со - пола милион евра! (ВИДЕО)

Аматарскиот тенисер од Сиднеј, Џордан Смит освои парична награда од еден милион австралиски долари (околу 570 илјади евра) и нов автомобил, победувајќи на уникатниот турнир „One Point Slam“, кој се одржува во неделата пред почетокот на Австралијан опен.

Станува збор за турнир од егзибициски карактер, а Смит до титулата и наградата стигна со само шест освоени поени. 

Концептот на турнирот ги соочува професиналците со аматерите, при што секој меч се состои од само еден поен. За да се изедначат условите, професионалните играчи имаат право на еден сервис, додека аматерите имаат два.

Во третото коло, 29-годишникот излезе на теренот со двојниот шампион на Австралијан опен, Јаник Синер. Италијанецот при сервисот ја погоди мрежата и бидејќи немаше втор обид, поенот му припадна на Смит, а Синер го доживеа првиот „пораз“ во Мелбурн од 2023 година.